Никола Златановски го фати крстот во Соборниот храм „Свети Никола“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишниот Никола Златановски е момчето кое имаше најмногу среќа од скокачите во Соборниот храм „Свети Никола“, кои утринава традиционално за празникот Водици скокаа по светиот крст.

Loading...

Златановски повеќе пати досега учествува на оваа традиционална манифестација и годинава среќата му се насмевна токму нему. Очекува година со среќа и многу здравје и професионални успеси.

– Господ здравје нека дава на сите граѓани на Република Македонија и да бидат живи и здрави. Оние кои не скокале да се охрабрат, еве гледаат дека се е во ред, традицијата нека продолжи, младит нека скокаат, тие треба да ја градат државата.

Од свештеништвото на подарок доби икона, крст и накит.

Leave a Reply