Ники има 33 години и 272 килограми (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во емисијата „Мојот живот со 300 килограми“, која се емитува на програмата на TLC, Ники Вебстер открила како изгледа животот на една жена која има 272 килограми.

Мојата тежина ме убива. Не можам сама да се туширам. Имам само 33 години, а целото тело ме боли. Го мразам тоа. Знам дека самата си го направив ова. Храната е зависност која ме убива – вели Ники.

Прв пат пред камера застанала пред година дена и од тогаш до денес води битка со килограмите.

Нејзината состојба била толку сериозна што морала да оди на операција, но за да воопшто преживее морала да ослабне 22 килограми претходно. Некогаш по сопствено признание денот го почнувала така што јадела.

 

Loading...

56903f87-457c-4ad4-884f-57cc0a0a0a64-screenshot-1-718x446

 

Дел од вината за нејзината состојба сносат и нејзините родители кои и ја подготвувале храната и ја носеле во нејзината соба за да не мора да се симнува по скалите. Исто така и допуштале да јаде што сака иако храната полека започнала да ја убива.

За да сепак до тоа не дојде, нејзината последна шанса би била операција на намалување на желудник.

Благодарение на оваа интервенција, успеала да ослабне 90 килограми и така сега има 200. Она што е додатно мотивирачки за неа покрај здравствените грижи е тоа што нејзината сестра Кортни одлучила да забрани на своите деца да се дружат со неа затоа што нејзината килажа ги плаши.