Ние ја користевме за пипер и пазар, Баленсијага ја продава за 2.000 долари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ех, што ти е мода?! Луксузниот моден бренд Баленсијата ја објави најновата линија торби за пазарење, меѓу кои има торба слична на оние кај нас кои особено постарите луѓе, ги користат со години, за одење на пазар, испраќање работи со автобус или шверцување.

Loading...

 

 

Ова се популарни торби во кои се сѐ носеше, особено во сиромашните деведесетти години наваму – од сирење и салама, преку шверцувана облека до дрва од подрумот.

 

 

Loading...

Беше неизбежна во селењето, а во неа мајките можеа да испратат на учениците половина куќа или половина замрзнувач.

 

 

Меѓутоа, во меѓувреме, оваа за нас веќе старомодна торба, стана голем светски моден хит.

 

 

Loading...

Така што цената од стотина денари сега достигна околу 2.000 долари!

 

 

Нашите беа неуништливи, изработени од најлон, и можеа да соберат и до 100 килограми, сепак овие на Баленсијата се малку пофини и не се наменети за носење дрва (веројатно).

 

 

Loading...

Не само што е брендирана и фенси, таа е направена од телешка кожа.