Ни претстои сончев викенд – од понеделник уште потопло

Сподели со своите пријатели

Како што информираат метеоролозите на УХМР, денес нè очекува сончево време со слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе бидат  во интервал од 14 до 20 степени. 

Loading...

Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено од недела, кој ќе предизвика благ пораст на утринските температури. Од понеделник под влијание на потопла воздушна маса во пораст ќе бидат и дневните температури.