Ни претстои сончев и топол викенд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, а максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 22 до 29 степени целзиусови.

Во кумановско денес ќе имаме сончево време со мала облачност, која носи минимални услови за краткотраен дожд проследен со грмежи во текот на попладневните часови, а максималната температура, според порталот за временска прогноза accuweather ќе изнесува 25 степени целзиусови и ќе дува слаб ветер од северен правец.

Според синоптичарите, следува период на претежно стабилно, суво и топло време. Температурата на воздухот ќе биде во значителен пораст, а најтопло ќе биде за време на викендот и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надмине 30 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.