NGA – Американска тајна агенција за која никој не знае (фото)

Сподели со своите пријатели

Триесетина километри од Вашингон се наоѓа големиот воен штаб на шионската агенција за која мал број луѓе воопшто знаат дека постои.

Дури ниту претседателот Барак Обама, во првите пет месеци од мандатот не реагирал, како никогаш да не го слушнал нејзиното име. Во мај 2009 година за време на посетата на сендвичара во Вашинготн, прашал муштерија на столот покрај него со што се занимава.

„Работам во НГА“ (Наицонална геопросторна обавестувачка агенција) – рекол човекот. Обама делувал збунето и прашал да му објасни што е НГА.

осум години потоа, НГА станува најтајновитата од сите пет големи американски обавестувачки агенции, меѓу кои и CIA и NSA.

Диспропорционално во однос на нејзината присутнотст во јавниот дискурс, НГА ја псоедува третата најголема зграда во Вашингтон, поголема и од ЦИА и од Капитол. Најмалку 3.000 жители од престолнината се вработени во НГА.

За НГА фотографиите се она што за NSA звуците. Нејзината примарна функција е да анализира милијарди фотографии и стотици илјади минути видеоматеријали кои ги пресретнале дроновите и шпионските сателити ширум планетата, така и американските камери на стратешки важни локации.

 

Loading...

 

Поради тоа што нејзините очи обично се насочени надвор од САД, агенцијата никогаш не била вмешувана во внатрешните шпионски скандали како ЦИА и НСА, што и овозможило да работи испод радарот. Меѓутоа, експертите сметаат дека би можело тоа и да се промени со претседателот Доналд Трамп.

Имајќи во предвид какви напори вложува Трамп во проширување на овластувањата на обавестувачките агенции, како и неговата опсесија со националната безбедност, веројатно американскиот претседател ќе се служи со секоја расположлива алатка за да ги спроведе своите идеи во дело.

Според моменталната политика на Пентагон, се што е потребно за употреба на шпионски, односно извиднички дронови во американскиот воздушен простор е одобрување од Министерството за одбрана. Така во 2016 година прв пат над Балтимор бил употребен извиднички дрон, развиен ви Ирак. Многу мал број луѓе знаеле дека од небото ги следи доста напредна шпионска технологија која располага с камера со резолуција од 1,8 милијарди пикесили, поставена на летало кое е доволно мало и доволно високо за да се забележи со голо око.

 

 

За да овој дрон е во можност да набљудува области од 15 до 20 километри квадратни во секој момент, две такви летала би биле доволни да се надгледуваат активностите на Менхтен цели 24 часа. Со развојот на новите технологии, кои овозможуваат дроновите да останат во воздух со месеци, а наскоро и подолго од година дена, веројатно е само прашање кога овој систем за набљудување ќе влезе во масовна употреба.

Но, за да тоа се случи, Трамп, како и Обама првин мора да дознае дека НГА постои.