Незначителн снег во Куманово, но екипите за чистење улици се на терен (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Незначителна снежна покривка има низ кумановските улици и засега сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, соопштија денеска од РЦУК Куманово.

Loading...

 

 

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски соопшти дека екипите за зимско одржување се на терен од раните утрински часови, се посипува сол на коловозите, со цел навремено спречување на подмрзнување, додека екипите на „Чистота и Зеленило” посипуваат средство за спречување на подмрзнувања.

 

 

Loading...

Претходно, од одделението за комунални дејности информираа дека сè е подготвено за зимско одржување на улиците.

 

 

Општина Куманово лани во ноември избра компанија за зимско одржување на градот. Договорот со најповолниот изведувач е склучен во октомври, годинава по претходно објавена јавна набавка. Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки, општина Куманово за зимско одржување ќе одвои 8.993.016 денари. На тендерот е избрана фирмата „Кооп Инженеринг”.

 

 

Loading...

Градот, како и претходните години, е поделен на источна и западна зона и според правилата, се чисти по приоритет при снежни врнежи првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, по што следува втората зона, улиците и населените места по налог.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

МИА