НЕЗАПАМЕТЕНА ПРЕМИЈА: Уплатил 2 долари, добил 1,6 милијарди

Сподели со своите пријатели

Тикетот на лотаријата „Мегамилиони“ продаден во американската држава Јужна Каролина освои неверојатни 1,6 милијарди долари. Се уште не се знае кој е среќникот кој ги погодил сите шест броеви. Според законот, крајниот рок за потврда на добивката е од 180 дена до една година.

Извлечените добитни броеви се 5, 28, 62, 65, 70 и мегатопчето број 5. Среќниот добитник со купување на ливчето од два долари стана милијардер, и покрај шансите од 1: 302,5 милиони.

Лотаријата „Мегамилиони“ се игра во 44 држави во САД, Вашингтон и Девствените острови. Во осум држави од вкупниот број во кој се игра победниците имаат право да останат анонимни, но во останатите држави на јавноста се соопштува кој ја погодил комбинацијата.

Од државната лоатрија наведуваат дека според нивнот искуство ќе поминат неколку дена до недели за да среќниот добитник се појави и ја потврди својата добивка.

Засега не е познато дали има повеќе добитни тикети продадени на други места. Претходниот џекпот е освоен на 24. јули, кога 11 колеги од една фирма во Калифорнија освоија 543 милиони долари.

Кога ќе се одлучи да оди по наградата, новиот богаташ ќе може да избере дали ќе земе 904 милиони долари веднаш или сите 1,6 милијарди долари во следните 29 години.

Leave a Reply