Незадоволен од болничката услуга, украл амбулантно возило

Сподели со своите пријатели

Американецот Доналд Винклер (83) бил приведен бидејќи се одјавил во болницата и украл амбулантно возило, соопштуваат властите од Лонг Ајленд.

Полицијата соопштила дека Винклер не бил задоволен од квалитетот на пружената нега, па се одјавил од Универзитетскиот клинички центар Насау, по што вчера украл возило од болничкиот паркинг.

Полицијата навела дека нешто подоцна во блиската продавница го пронашла Винклер, кој признал дека го украл возилото.

Бил приведен па вратен во болница, каде е направена проценка, а потоа бил и сослушан и обвинет за тешка кражба.

 

Loading...