Невремето во Скопје зеде уште една жртва

Сподели со своите пријатели

Саид Амети (88) е 23 лице жртва од невремето кое предизвика големи поплави во скопскиот региона на 6 август годинава. Амети, кој е од Сингелиќ починал како резултат на тешка инфекција на белите дробови.

Неговиот син за Алсат раскажува дека тагата во куќата е огромна, додека примаат сочуство за поплавата која им го уништила домот, се соочиле со уште поголема трагедија по смртта на старецот.

Инаку по едно дете се уште се трага иако поминаа скоро две недели од поплавите, а илјадници домови се оштетени. Иако по социјалните мрежи кружеа информации дека има поголем број загинати, сепак од МВР се децидни дека беа 22 жртви. Три лица починаа од срцеви удари, не можејќи да се справат со болката и загубата, а Саид Амети е 23та жртва.

 

Loading...