Невреме во Куманово – лимен кров се урна над паркиран автомобил (фото)

Сподели со своите пријатели

Силното невреме кое денеска го зафати Куманово во попладневните часови, предизвика хаос во централното градско подрачје, кога над автомобил паркиран спроти ООУ ”Браќа Миладиновци”, лимен кров од соседната зграда се сруши над самата улица.

Loading...

12021940_1063687786989574_1394030466_n (1)

Според приложените фотографии од лице место, станува збор за дел од кровот, а на самото место е зафатено едно патничко моторно возило паркирано спроти зградата.

12002249_893198654101700_5040363410605422132_n

Очевидците на настанот не јавуваат за повредени лица.