Невработеноста во ЕУ и еврозоната непроменета во август

Сподели со своите пријатели

Стапката на невработеност во Европската унија (ЕУ) и еврозоната во август остана непроменета во однос на јули, покажа извештајот на Евростат.

Loading...

На ниво на ЕУ, стапката на невработеност, мерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ), во август, како и во јули изнесуваше шест отсто, покажа извештајот на Евростат.

Во еврозоната се задржа на 6,6 отсто, пренесува Хина.

За споредба, во август минатата година во ЕУ достигна 6,8 отсто, а во еврозоната 7,5 отсто.

Евростат проценува дека приближно 12,92 милиони граѓани биле невработени во ЕУ во август, од кои речиси 10,97 милиони биле во еврозоната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

На месечно ниво, бројот на невработени во ЕУ е намален за 52 илјади, а во еврозоната за 30 илјади.

Во однос на август минатата година, таа е помала за околу 1,68 милиони во ЕУ, а за речиси 1,36 милиони во еврозоната.

Шпанија и Грција сè уште се единствените со двоцифрена стапка на невработеност, која во август изнесуваше 12,4, односно 12,2 отсто.

Loading...

Најниски стапки во август имаа Чешка со 2,4 отсто, Полска со 2,6 отсто и Малта и Германија, каде достигнаа 2,9 и три отсто, соодветно.

Стапката на невработеност кај граѓаните помлади од 25 години во август остана непроменета во однос на јули, на 13,8 отсто, а во еврозоната се лизна за 0,1 процентен поен, на 13,9 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Во август минатата година таа беше 15,9 отсто во двете области.

Во август 2,61 милиони млади луѓе биле невработени во ЕУ, од кои 2,14 милиони во еврозоната.

Во однос на истиот месец лани нивниот број е намален за 293 илјади во ЕУ и за 234 илјади во еврозоната.

Грција и Шпанија забележаа највисока стапка на невработеност кај младите во август, од 28,6 и 26,6 отсто, соодветно. Следат Естонија и Италија со стапки од 24,6 и 21,2 отсто, соодветно.

Блиску е и Шведска, со стапка на невработеност кај младите од 19,9 отсто.