НЕВИДЕНО: Патнички авион летал побрзо од звукот

Сподели со своите пријатели

Летот „Вирџин Атлантика“ од Лос Анџелес за Лондон достигнал неверојатни 1.289 километри на час. Тоа се случило во понеделник навечер на 10.668 километри над Пенсилванија со помошт на силниот ветер.

Loading...

– Никогаш немам видено ништо слично во целата своја пилотска кариера, напишал на Твитер Питер Џејмс, капетан на патничкиот авион, а пренесува Вашингтон пост.

Благодарение на помошта на „мајка природа“ летот во Лондон пристигнал 48 минути порано и летал побрзо од звукот, пишува весникот.

Сепак „дримлајнерот“ не одел навистина побрзо од звукот, односно не го пробил „звучниот ѕид“, затоа што тоа било помогнато со силниот ветер.

Иако овој слуај е екстремен, ваквите појави не се необични за источните делови на САД, особено во зима кога поради голема разлика во температурата се создаваат неверојатно силни ветришта на небото.

Минатиот февруари уште еден Боинг 787 достигнал над Антартикот брзина од 1.285 километри на час и пристигна од Њујорк во Лондон за нешто повеќе од пет часа.

Рекордот во брзината, така и во времето за прелетувањето на океанот, го држи „конкорд“.

Овој легендарен суперсоничен авион во 1996 година достигнал брзина од 2.172 километри на час на летото од Њујорк до Лондон и завршил за само 2 часа, 52 минути и 59 секунди.

Loading...

Leave a Reply