НЕВИДЕН ЛУКСУЗ: Ѕирнете во пентхаусот вреден 5,2 милиони долари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Станбената кула „Парамаунт“ во центарот на Мајами е една од првите што има покривна тераса, на која може да слетаат летечки такси возила. Пентхаусот на 52. кат има 2.500 квадратни метри и се продава за 5,2 милиони долари.

Loading...

Терасата е 2.500 квадратни метри, а многумина ја сметаат за совршено место за забави со неверојатен поглед кој се протега до Атлантскиот Океан.

До станот има приватен лифт, кој се наоѓа на 52-ри кат. Просторот го направил познатиот дизајнер од Мајами, Адријана Хојос. Станот се продава со мебел и уметнички дела.

 

 

„Купувачите заинтересирани за овој тип луксузни недвижности сакаат дом што е подготвен да се всели“, вели Рамирез, од градската агенција за луксузни недвижности.

„Парамаунт” се толку фокусирани на удобност што зградата вработува постојан тим за управување со животниот стил кој го задоволува расположението или желбата на секој станар.

Loading...

Јавно достапните податоци покажуваат дека сегашниот сопственик го купил имотот пред изградбата за 3,8 милиони долари во август 2020 година.

Според Рамирез, моменталната барана цена е 5,2 милиони долари. Најновиот извештај покажува дека Мајами штотуку го престигнува Лос Анџелес како втор најскап пазар на станови во САД, после Њујорк.