Неверојатна приказна на обично момче ја збуни светската јавност (видео)

Сподели со своите пријатели

Кога Рајан на свои четири години за прв пат кажал на мајка му дека веќе со месеци мисли дека пред овој живот, тој бил некој друг, таа не му поверувала. Но, постепено неговата прикаска почнала да станува логична.

Loading...

Рајан Синди не му поверувала на својот син кога во 2009, тој за прв пат и рекол дека мисли дека во минатиот живот, тој бил не така успешен холивудски глумец.

Рајан набргу почнал да и кажува се повеќе и повеќе детали, а во петтата година почнале да го мачат сонови во кои имал визии од претходниот живот. На мајка си, Рајан и раскажувал за патувањата околу светот, за дружењето со глумецот Ритом Хејворт, за тоа како играл на Бродвеј.

Тоа биле детали кои не може да ги измисли, затоа што се работи за случки и индивидуи од првата половина на 20. век, далеку пред тој да се роди. Иако Синди е израсната како баптист и не верува во реинкарнација, деталите на Рајановите прикаски ја натерале на истражување.

– Една фотографија промени се`. Тоа беше сцена од филмот ”Ноќ после ноќта”, кој е снимен во 1932 година, вели Синди. На фотографијата се наоѓа еден од споредните актери кој во целиот филм не кажува ниту една реченица. Рајан го покажа и велеше ”Тоа бев јас”.

Кога сложувалката почна да се довршува, Синди одлучила да побара помош од докторот Џим Б. Такер, професор по психијатрија и неуробихевиорални науки на Универзитетот во Вирџија. Тој со години го проучува случајот на деца кои тврдат дека се сеќаваат на минатиот живот. Во случајот со малото момче, тој дошол до фасцинантни податоци.

Доктор Такер со помош на филмски експер дошол до името на актерот. Тоа бил Марти Мартин, актер кој никоја не се пробил помеѓу познатите лица на Холивуд и кој починал во 1964 година како агент.

– Случајот на Рајан бараше објаснување и не може туку така да се опише. Тој нам ни кажа многу детали за животот на актерот кој ни сам не би можел да ги прочита, бидејќи Марти бил анонимус, објаснува доктор Такер.

Loading...

Марти Мартин бил непознат статис во многу филмови, а на крајот се повлекол и станал агент (ловец на таленти), а забележал и неколку танцови настапи на Бродвеј.

Роден е 1903 година во Филаделфија. Бидејќи Рајан многу зборувал за својот минат живот, подоцна се испоставува дека Марти имал две сестри кои навистина одговарале на описот на Рајан. И сестрите некое време биле на Бродвеј, а една од нив подоцна станала славна танчерка.

Рајан подоцна се присетил дека во минатиот живот, ги возел девојките на брегот на океанот и уживал во погледот кон сурферите. Рајан погодил и дека Марти се женел четири пати и дека по Лос Ангелес, се возел во скап, зелен автомобил.

Неговата четврта и последна сопруга возела црн автомобил, вели Рајан за NBC News кој ја пренесе неговата сторија.

Приказната за момчето кое тврди дека се сеќава на минатиот живот ги заинтригира и медиумите, по што Рајан се појави во неколку емисии во САД.

https://www.youtube.com/watch?v=iGdqAzdH_ZE


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *