Нетфликс заработи над 900 милиони од серијата Squid Game

Сподели со своите пријатели

Netflix забележа големо зголемување на бројот на нови корисници на платформата во третиот квартал од годината, сето тоа благодарение на презентацијата на серијата „Squid Game“.

Loading...

Популарната американска платформа за стриминг доби 4,4 милиони корисници од јуни до крајот на септември, што е двојно повеќе отколку во вториот квартал од 2021 година.

Јужнокорејската хит серија, поради која беше забележан овој скок, ја гледале 142 милиони корисници во првите четири недели.

Сериите што привлекуваат нови корисници се „La Casa de Papel“, „Queen’s Gambit“ и „Sex Education“.

Да потсетиме, „Squid Game“ му донесе приход на Нетфликс од околу 900 милиони долари, а во снимањето беа вложени 21 милион долари.

Netflix очекува да добие уште 8,5 милиони нови претплатници во последните три месеци од 2021 година.

Овој факт е особено интересен ако имаме предвид дека никој не сакал да ја купи серијата со години.

 

Loading...