Нетфликс надмина 200 милиони корисници и приход од над 6 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Американскиот медиумски гигант Нетфликс објави дека на крајот на 2020 година, надмина 200 милиони претплатници и ги зголеми приходите за петтина во четвртиот квартал, бидејќи голем број луѓе во пандемијата го трошеа времето пред екраните.

Loading...

Само од октомври до декември, Нетфликс запиша 8,5 милиони нови клиенти кои плаќаат за стриминг благодарение на големиот одзив од сериите Дамин Гамбит и Бриџртон, новата сезона на Круна и филмот Небото на полноќ.

 

 

Како резултат на тоа, бројот на претплатници на платформата за стриминг се искачи на 203,7 милиони на крајот на 2020 година, во кои мерките за заклучување поради пандемијата на коронавирусот, кои ги држеа луѓето дома и ги „залепија“ пред екраните, исто така играа важна улога.

Нетфликс сака дополнително да ја прошири својата претплатничка база во 2021 година, но ниту конкуренцијата не седи со скрстени раце – Волт Дизни претстави нова програма Дизни + во декември 2020 година, а АД & ТВ на Ворнер планира да ги испрати сите филмови директно во HBO Max и во кината оваа година.

 

Loading...

 

„Огромниот раст на стримингот на забавната програма ги поттикна нашите конкуренти како Дизни, ВорнерМедија и Дискавери да се обидат да се натпреваруваат со нас воведувајќи новини“, се вели во соопштението на Нетфликс.

„Делумно, затоа реагиравме толку брзо“, објаснуваат тие во Нетфликс, посочувајќи нови наслови и проширување на бизнисот во повеќе земји.

Се проценува дека шест милиони нови претплатници ќе се запишат во првите три месеци од оваа година.

 

 

Loading...

Нивните приходи скокнаа за 21,3 проценти во последните три месеци од 2020 година, на 6,64 милијарди долари.

Нето-профитот падна за 7,7 проценти, на 542,2 милиони долари.

Leave a Reply