Нетанјаху нареди мобилизација на полицијата и армијата поради нападот во Тел Авив

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди мобилизација на израелската гранична полиција и резервистите на израелските одбранбени сили (ИДФ) во врска со терористичкиот напад во Тел Авив, во кој еден човек загина, а пет лица беа ранети.

Loading...

Овој потег на Нетанјаху го продолжува стравот од можна ескалација на настаните, пишува „Тајмс оф Израел“.

Полицијата во Тел Авив уби вооружен маж кој уби еден човек, а повреди неколку други пукајќи од пиштол и влетувајќи со својот автомобил во пешаци.

Убиената жртва е Италијанец, на возраст од околу 30 години, а сите повредени во нападот се туристи, соопшти израелската здравствена служба Маген Дејвид Адом (МДА).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Повредени се пет лица, а три лица се со умерени повреди. Меѓу нив има маж (39) и девојка (17).

Две лица, маж на возраст од 50-ти и жена на 70-годишна возраст, се со полесни повреди, додаде МДА.

Напаѓачот, како што се наведува, е државјанин на Израел со арапско потекло, додава „Тајмс оф Израел“.

Убиецот возел по шеталиштето во Тел Авив и почнал да пука во цивили кои се наоѓале во близина, пренесува „Џерусалим пост“.

Loading...

Тој се обидел да ги прегази и околните пешаци, а автомобилот му се превртел.

Израелската полиција соопшти дека го „неутрализирала“ напаѓачот.