Нетанјаху – Блинкен: – воената и разузнавачката соработка „подобра од кога било“

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и изрази благодарност за воената и разузнавачката соработка меѓу двете земји „која е подобра од кога било“.

Loading...

Двајцата разговарале за предизвиците во регионот, а Нетанјаху се заблагодарил на неодамнешните разговори меѓу претставниците на двете земји за блиска билатерална соработка, се наведува на Твитер профилот на премиерот на Израел.

Нетанјаху предложи и подобрување на израелско-американската соработка во областа на вештачката интелигенција, пренесува Танјуг.

Во соопштението се додава дека се разговарало и за Иран, а израелскиот премиер повторил дека враќањето на нуклеарниот договор со Иран нема да го запре развојот на иранскиот нуклеарен договор и дека Израел ќе направи се за да се одбрани.