НЕРЕАЛНА ГЛЕТКА ОД ЖИЧАРНИЦА: Мечка бркаше скијач (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Минатиот викенд, многу ентузијасти за скијање се упатиле кон популарното скијачко одморалиште Предеал во Романија, а за еден скијач, денот за малку ќе завршел кобно.

Loading...

Имено, мечка трчала по скијачот, а луѓето кои во тоа време биле на жичарницата врескаа и се обидоа да го одвлечат вниманието на мечката. „Побрзо, побрзо! Не гледај зад тебе”, извикуваа луѓето, пренесува романски Digi24.

Несреќниот млад човек се обиде да забрза, но мечката продолжи да трча по него.

Во еден момент, скијачот го испушти ранецот за да може да ја забави мечката, која во тој момент застана и започна да го кине ранецот, веројатно во потрага по храна.

 

https://youtu.be/8Z5idjqlCt0

Leave a Reply