Непризнаени сопружници ја тужат Грција оти им го поништила бракот

Сподели со своите пријатели

Европскиот суд за човекови права ќе треба да донесе пресуда за интересен случај за брак во Грција во кој двајца непризнати сопружници ја тужат таа земја, тврдејќи дека е нарушено нивното право на брак.

Loading...

Георгиос Теодоро (68) и Софија Цоцору (62) од Коропа ја тужеа Грција за нивното поништување на бракот од судовите, а причината за тоа е блиско сродство, со оглед дека Софија е сестра на првата сопруга на Георгиос, П.Т. со кого е официјално во брак 30 години и има една ќерка.

Георгиос Теодоро и П.Т. се венчале во 1971 година и се развеле 30 години подоцна во 2001 година со одлука на Окружниот суд во Атина, со кој се утврди дека тие живеат одвоено од 1996 година. Конечно тие се развеле во 2004 година.

Во 2005 година, Теодоро се оженил со сестрата на својата прва сопруга Софија Цоторо во верска форма, се вели во соопштението на Европскиот суд за правда.

Следната година, П.Т, прва сопруга на Георгиос, се пожалила на јавниот обвинител, тврдејќи дека бракот е неважечки врз основа на брачна врска меѓу двајцата сопружници.

Во 2010 година, окружниот суд го поништил бракот според член 1357 од грчкиот граѓански законик, со кој конкретно се забранува брак меѓу лица со сродна врска до 3 степен.

Во својата одлука, судот посочил дека жалителите биле роднини од втор степен на сродство и дека грчкиот закон го забранува нивниот брак заради сродство и почитување на институцијата на семејството.

Грчките високи судови исто така ги отфрлиле нивните жалби, така што непризнатите сопружници сега бараат од Европскиот суд за човекови права во Стразбур да донесе пресуда во нивна корист.

Loading...

Leave a Reply