Непристојна понуда за телевизиската мрежа „Скај“

Сподели со своите пријатели

Борба на светскиот медиумски пазар. Американскиот кабелски оператор „Комкаст“ понудил 31 милијарда долари за преземање на 50 отсто од акциите на британската телевизија „Скај“, за чие купување веќе се договорила компанијата „Фокс“, во сопственост на Руперт Мардок.

Во желбата за влегување на големите врата за освојување на европскиот медиумски пазар, најголемиот кабелски оператор „Комкаст“ на телевизиската мрежа „Скај“ и доставил непристојна понуда – за 16 отсто поголема цена од онаа која со британскиот гигант пред година дена ја договорила компанијата „Фокс“.

Таа компанија, во сопственост нс синот на Руперт Мардок, договорила купување на 61 отсто од акциите на „Скај“, но се уште не ги поседува, затоа што преземањето ја кочи загриженоста на регулаторите дека премногу медиуми на островот би биле под контрола на семејството Мардок.

– Мардок не се омилени кај членовите на британското регулаторно тело. Компанијата „Комкаст“, која е сопственик на телевизијата „Ен-Би-Си“ (NBC) како аутсајдер на британскиот пазар даде подобра понуда и рече дека ќе мине кај регулаторите, вели аналитичарот Дејвид Меден.

За тоа време „Скај“ – технолошки најмодерната телевизија во светот, со најдобри спортски и филмски програми и 23 милиони претплатници се однесува мудро. Управата на телевизија порачала на акционерите на компанијата да се воздржат од реакции, додека нивната понуда не ја добијат официјално на хартија. Но, берзите не мируваат. По првата вест за понудата на „Комкаст“, акциите на „Скај“ скокнаа за 20 отсто.

Leave a Reply