Непријатно изненадување ги чека љубителите на кафето: Дали ќе го почувствуваат и по паричникот!

Сподели со своите пријатели

Сите оние кои уживаат во шолја од својот омилен пијалок со кофеин, наскоро би можеле да издвојат повеќе пари за тоа. Цената на кафето скокна на највисоко ниво на светскиот пазар во последните четири години, а експертите предупредуваат дека причината е времето во Бразил и ограничувањата поради КОВИД-19 во Виетнам.

Loading...

– Бразил е најголемиот производител на кафе во светот. Годинава имаа подолга суша, проследена со мраз што сериозно ги оштети дрвјата на кафето, изјави Ворен Патерсон, шеф на стратегија за стока во групацијата ИНГ, за Си -Ен -Ен.

 

 

Компаниите како Старбакс купуваат кафе однапред и имаат стратегии што ќе им овозможат да ја задржат истата цена на кафето што го продаваат, меѓутоа еден од најголемите производители на кафе, M.М. Смакер рече дека зголемувањето на цените влијае на нивниот бизнис, особено затоа што тие треба да се справат со повисоките цени на транспортот и амбалажата. Се очекува купувачите да ја платат разликата.

 

Loading...