Непочитување на железничката сигнализација причина за кобната несреќа во Романовце

Сподели со своите пријатели

Непочитување на железничката сигнализација која била поставена на преминот е причина за несреќата во која вчера три лица го загубија животот во кумановско Романовце, стои денеска во извештајот кој Железничката станица Куманово го доставила до Регионалниот центар за управување со кризи.

Педесет и двегодишниот Н.Б. кој го управувал возилото, заедно со сопатниците четириесет и осумгодишната С.Б. и седумдесет и деветгодишниот Н.Б. загинале на лице место, откако товарен воз удрил во автомобилот марка „Голф“, додека четвртото лице кое било во возилото успеало да се спаси со скокање, притоа не здобивајќи се со телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Смрт на лице место кај тројцата жители на Арачиново констатирала екипа на Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телата се предадени на семејството за погреб.

Сите загинати се членови на едно семејство, мајка, татко и дете кои според раскажувањата на очевидците биле да изразат сочувство на погреб кај роднини, а на враќање се случила страотната несреќа.

Возот кој удрил во нив носел контејнери со разна стока од Австрија, Србија и Македонија кон Грција, сообраќајот вчера неколку часа на тој дел од пругата беше во прекин додека траеше увидот на екипите од МВР.

фото: Република.мк

Loading...

Leave a Reply