Необични вкусови: Сладолед со вкус на цвекло, краставица…

Сподели со своите пријатели

Слаткарниците веќе долго во својата понуда на најслаткото летно освежување немаат само сладолед со вкус на ванила или јагода, но во Германија специјалистите за иззработка на сладолед сега нудат сладоледи со вкус на зеленчук.

Loading...

Се наведува дека сталкарницата „Оук анд ајс“ во Берлин продава сладоледни топки од цвекло, додека „Kontor ajsmanufaktur“, неколку улици подалеку, нуди и сладолед со вкус на краставица и нане.

Организаторите на саем за сладоледи, кој ќе се одржи следната недела во Штутгарт велат дека во иднина очекуваат уште повеќе сладоледи со вкус на зеленчук.

Невообичаените комбинации како овошје со спанаќ, моркови, тиквички, листови нане, трави и зачини веќе се достапни – се наведува во најавата за овој фестивал.

Leave a Reply