Немате профил на Фејсбук? Нема проблем имаат податоци и за вас!

Сподели со своите пријатели

Директорот на Фејсбук, Марк Зукерберг откри факт кој сигурно може да ги загрижи оние кои воопшто не ја користат оваа социјална мрежа.

Според неговите тврдења, Фејсбук собира податоци и за оние лица кои не го користат, односно немаат регистрирани кориснички профили.

Корисниците меѓу податоците на Фејсбук пронашле снимки кои никогаш не ги објавиле

Loading...

– Генерално собираме информации за лица кои не се регистрирани на Фејсбук, од безбедносни причини, одговори Зукерберг на прашњето на новинар пред состанокот со Комитетот за енергетика и трговија.

АМериканскиот политичар и претставник на САД од Ново Мексико, Бен Лујан потоа го запраша Зукерберг дали праксата за собирање податоци на оние кои не го користат Фејсбук се нарекува „профил од сенка“, но директорот на компанијата одговори дека не е запознаен со тој термин.

– Мораме да знаеме кога некој повеќе пати се обидува да влезе на нашата платформа за да ги спречиме оние кои се обидуваат да ги злоупотребат јавните информации, рекол Зукерберг.

ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?

Според претходните пишувања на Блумберг, поранешниот вработен во Фејсбук Антонио Гарсија Мартинез рекол дека податоците на оние кои не користат Фејсбук се собираат поради развојот на компанијата и мрежата.

Зукерберг изминатите неколку дена сведочеше пред американскиот Конгрес поради злоупотреба на лични податоци на над 87 милиони корисници на Фејсбук. За време на вториот ден од излагањето, изјави дека во рамките на скандалот со Фејсбук се загрозени и неговите податоци.

Меѓутоа, Зукерберг наводно од дуелот со Конгресот излегол како победник.

ЕУ започнува истрага против Фејсбук

Иако акциите на Фејсбук минатата недела паднаа, нивната вредност и натаму е поголема за три отсто откако Зукерберг во вторник влезе во Капитол Хил за да одговара на прашањата на сенаторите.

Leave a Reply