Нема опасност од излевања и поплави во кумановскиот регион

Сподели со своите пријатели

Не постои опасност од излевања и поплави на подрачјето на Општина Куманово, информирапе денес Живко Наковски претседател на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Реките се добро исчистени во текот на пролетниот период, има забележано минимално покачување на водостојот на реките и ситуацијата континуирано се следи. Нема опасност од излевања и поплави, браните се стабилни и можат да акумулираат уште вода – рече денес Наковски на вонредната седница на Советот на Општина Куманово.

Инаку подрачјето на Општина Куманово викендов не беше мета на обилни врнежи од дожд, освен силни електрични празнења и обилни врнежи рано во утринските часови кои не предизвикаа никакви штети во кумановскиот регион.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...