Нема одговорни за внесувањето на отровот со кој се уби Праљак

Сподели со своите пријатели

Истрагата на Хашкиот трибунал за самоубиството на Слободан Праљак, еден од челниците на самопрогласената Херцег-Босна, кој изфрши суицид во хашката судница е завршна и не укажува на пропусти на службите за безбедност и протокол на судот.

Адвокатот на Праљак Ника Пинтер таквиот епилог го оценува како „очекуван“.

Според тоа, хрватски „Јутарњи лист“ констатира дека никој нема да одговара за внесувањето на отровот со кој се убил Прљак, но нема ниту одговори на прашањето како отровот воопшто бил внесен во судницата.

– Судот ја завршил истрагата и заклучил дека нема пропусти во работата на стражарската служба, рекла адвокатката Пинтер.

Навела и дека се води уште една истрага од страна на полицијата, која резултатите од истрагата ќе ги достави и до хрватското дипломатско претставништво.

Leave a Reply