Нема доволен интерес за вкацинирање на кучињата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Нема доволен интерес за вакцинирање на кучињата во Куманово, вели Димитар Венев, лекар по ветеринарна медицина од Ветеринарен центар „Тодор Велков“, кој потсетува дека сепак за да се исполни законската обврска за чипување на милениците, истите претходно треба да се вакцинирани.

Loading...

– Првин се регулира бројна состојба, да не се јавуваат толку скитници, да нема толку поплаки, а втора работа е да се направи и вакцинација на кучињата од беснило, затоа што тоа е едно од болестите кај кучињата која преминува кај луѓе. Тоа се прави секаде во светот и не може ние да бидеме изолирани, вели др. Венев.

Според статистиката на Ветеринарниот центар, ниту една десетина од кучињата во Куманово не се вакцинирани. Вакцинацијата ја плаќаат сопствениците на домашните миленици, додека чипување е бесплатно заклучно 30ти март годинава.

– Оној кој е совесен ги чипира. Од оној број на кучиња кои ги има Куманово многу малку се вакцинирани досега, сепак 30ти март е далеку, можеби чекаат последен рок. Сигурно согласно казнените политики со законот за добробит на животни ќе има последици, какви ќе бидат, кој ќе ги спроведе и како, тоа е друго прашање, посочува др. Венев.

Вакцината за беснило се прима еднаш годишно и нејзината цена е 590 денари, вклучително и вакцината за глисти. Главниот проблем со кучињата скитници се руралните предели, вели др. Венев.

– Главниот проблем на скитници се од руралните области кои доаѓаат од тука, не се домашните миленици. Има дел од домашни миленици, меѓутоа тоа е многу мал дел и имаше предлог, кастрацијата да се врши две години бесплатено и потоа да се прават мерки, меѓутоа сега кастрацијата е со пари и не знам колку масовност ќе има тоа, рече Венев.

Кастрацијата на кучето изнесува од 2.000 до 3.000 денари, а со новиот предложен закон оваа обврска би станала задолжителна за сите сопственици на домашни миленици.

Leave a Reply