Неколку пожари вчера во Куманово, гореше и семеен дом

Сподели со своите пријатели

Четири интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, а меѓу интервенциите две се на семејни домови, информираат денеска од Региолналниот центар за управување со кризи.

Loading...

Оџак од семејна куќа лоцирана на улицата „Благоје Стефковски – Гојчо“ се запачил вчера претпладне, а во гаснењето учествувале тројца пожарникари кои со едно противпожарно возило интервенирале во период од 11:09 до 11:30 часот.

На улицата „Бајрам Шабани“ пожар избувнал во семеен дом. Петмина пожарникари со едно возило го гаснеле огнот дваесетина минути, од 14:05 до 14:25 часот.

Во атарот на месноста Стари Лозја горела сува трева. Таму тројца пожарникари гаснеле во период од 14:55 до 15:30 часот.

Вработените во Територијалната противпожарна единица бележат и една техничка интервенција. Петмина пожарникари интервенирале на булеварот „3та МУБ“ од 09:30 до 09:45, но не е наведено за каква интервенција станува збор.

Никола Ивановски

Leave a Reply