Неколку лица повредени во три сообраќајки во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Три сообраќајки вчера се случиле во Куманово во кои неколку лица се здобиле со полесни повреди, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Две сообраќајки во претпладневните часови се случиле на Романовски пат. Во првата четири лица се здобиле со полесни повреди. Истите биле пренесени во Ургентен центар Куманово.

 

Loading...

 

Во втората сообраќајна незгода која се случила до бензинската пумпа Лукоил на Романовски пат едно лице било полесно повредено и префрлено на Одделението за хирургија при Општа болница Куманово.

Третата сообраќајна несреќа исто така се случила во близина на бензинска пумпа на Лукоил, овој пат кај зелениот пазар, каде бил идрен пешак кој се здобил со полесни повреди.

Сите повредени учесници во сообраќајните незгоди, како што додаваат од РЦУК, по укажаната лекарска помош во кумановската болница биле пуштени на домашно лекување.

фото: Влатко Милошковски

Leave a Reply