Неколку лица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе лица се повредени во сообраќајка што вчера попладне се случила на автопатот Скопје – Куманово, спроти населбата Хиподром.

Loading...

– На 22.11.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, спроти населбата Хиподром, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко  возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Т.(41) од с.Долно Коњари, скопско и патничко возило „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(44) од с.Агино село, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат ибица“, Б.Т.(47) од селото Агино село, а уште една сопатничка од возилото, А.С.(26) од истото село, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски