Неколку кумановски улици без вода

Сподели со своите пријатели

Повеќе улици во Куманово денеска се без вода поради дефекти и интервенции во мрежата, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за улиците „Ѓорче Петров“, „Борис Кидрич“, „Вардарска“, „Владимир Назор“, „Карл Маркс“.

Екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ се на терен и работат на нормализирање на состојбата.

Leave a Reply