Неколку кумановски села утре без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Неколку кумановски села во текот на утрешниот ден ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 07:30 до 16:00 часот прекини се најавени за селата Пчиња, Винце, Вак’в, Краста и Биљановце. Во период од 08:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе остане селото Никуштак.

Станува збро за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.