Неколку бегалци завршиле на Одделенијата за хирургија и неврологија

Сподели со своите пријатели

Четири лица во текот на изминатите 24 часа биле хоспитализирани на одделенијата при Општа Болница – Куманово, информираат денес од Регионалниот центар за управување со кризи.

Две лица, од кои едниот државјанин на Ирак, а другиот на Авганистан биле пренесени на Одделението за хирургија каде им биле извршени здравствени прегледи, направени потребни интервенции и дадена соодветна терапија, по што веднаш биле вратени на пунктот во Табановце.

Сириец и Авганистанец пак завршиле на Одделението за неврологија, каде им биле извршени целосни здравствени прегледи и потребни интервенции, по што исто така и тие биле вратени на Табановце заедно со екипа на Црвениот крст.

На 05.03.2015г во 12:10 тимовите на Итна Медицинска Помош пружиле здравствена заштита на неколку бегалци, меѓу кои и 21-годишна државјанка на Сирија во осмиот месец од бременоста била транспортирана до Акушерското одделение во кумановската болница.

Со сркешници на подлактицата истиот ден малолетно лице родено во 2009 година било пренесено на Одделението за хирургија каде у била пружена соодветна здравствена интервенција.

На 6-ти март со симптоми на неурастенија здравствена нега била пружена на државјанин од Ирак роден во 1960-та година.

Вчера во транзитниот центар Табановце биле евидентирани вкупo 1.090 лица, од кои 642 лица Авганистан