Некои мажи спијат со плишана играчка, но малкумина го признаваат тоа

Сподели со своите пријатели

Дури половина од мажите спијат со омилена плишана играчка од детството, додека жените тоа го прават во 39 отсто од случаите, истражувал порталот Time4sleep.

Loading...

Од околу илјада испитаници, 40 отсто од нив признале дека би им било премногу тешко да се разделат со плишаното животно, а 37 отсто откриле дека го чувале затоа што ги потсетува на нивното детство.

Некои ги носат на работа, на патувања…

 

 

Психолозите велат дека човековата природа е да има потреба од мир, сигурност и удобност.

Возрасните често копнеат по чувствата од детството и им се враќаат на различни начини – едни спијат со плишани животни, други собирајќи фигурини, составувајќи модели…

Loading...

„Не сум се одвојувал од моето плишано мече од детството“

Британецот Гери има повеќе од 30 години, тој е виш консултант за регрутирање и сè уште спие со своето плишано мече кое го има од детството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворски чуварки се впуштиле во романса со осуденик: Љубовта цветала, но стигна и казната

– Мајка ми ми го купи одамна откако моето прво плишано мече „умре од ужасна смрт“ во машината за перење. Не можам да се разделам со него, полесно заспивам со него. На моите пријатели им е чудно што сè уште го имам и понекогаш знаат да го скријат тоа од мене. Би бил многу вознемирен ако нешто му се случи. Сигурно никогаш нема да се приближи до машина за перење, откри Гери.

Тој не кажа како реагираат девојките на неговата приврзаност кон плишаната играчка.

 

brown bear plush toy on black textile

 

„Не можам да живеам без мојот господин Флафиламп“

Физиотерапевтот Ешли ќе наполни 30 години, а својот омилен полнет глушец го нарекува господин Флафилам.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како трауматичните искуства од детството влијаат во зрелоста?

Спие со него речиси секоја вечер уште од детството. Исклучок е само ако е далеку од дома.

Loading...

– Многу подобро спијам кога до мене е господинот Флафиламп. Мојата девојка не знаеше за него една година, јас тоа го чував во тајност. Се плашев дека ќе ме гледа како чудак. Но, таа тоа го прифати со насмевка и сега ме нарекува големо бебе – изјавила Ешли.

 

 

„Носам плишан лав на работа и во кревет“

Здравствениот работник Весли наближува 40 години, но сѐ уште не може да се раздели со плишаниот лав, дури му дал име – Лиам.

Секоја вечер го носи во кревет и го гушка додека спие, иако покрај него лежи девојката со која е неколку години во врска.

– Знам дека е малку глупо што сè уште спијам со плишано животно, но ми е многу смирувачки. Го добив од син ми како замена за изгубено плишано мече од моето детство и затоа ми е толку посебен. Мојата девојка беше изненадена кога дозна дека го делам креветот со плишан лав, но брзо се навикна – рекол Весли и додал дека Лијам му прави друштво и додека работи ноќни смени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вознемирувачки и неразјаснети мистерии кои и ден денес збунуваат!

Тој признава дека неговото семејство и пријателите не знаат за оваа негова навика.

Loading...

Еве што имала да каже неговата девојка Ејми.

– Признавам, беше шок кога дознав дека моето момче спие со плишана играчка, но, од друга страна, ми покажа колку е нежна душа – продолжи Ејми, гледајќи го своето момче со насмевка додека го држи неговото омилено крзнено другарче во скутот.