Некогаш се користеле на погреби, па криеле непријатни мириси, денес добиваат музеј

Сподели со своите пријатели

Во Париз неодамна е отворен музеј посветен на историјата на парфемите кои пред 3.000 години се користеле како ритуал на погреби, во средниот век за прекривање непријатни мириси, за да денес е задоволство, а за некои и луксуз.

Loading...

Музејот е отворен во приватна зграда на семејството Фрагонарови, кои живеат во Грас, на југот на Франција на Азурниот брег.

Грас се смета за колевка за обработка на парфеми, а во 2018 година, локацијата е запишана во списокот нематеријални културни добра на Органзиацијата на ОН за образование, култура и наука УНЕСКО.

Посетителите на музејот ќе ја откријат историјата за правење парфеми. Изложени се 400 шишиња со состојки на идните парфеми.

Исто така има разни предмети во кои некогаш се чувале парфемите, како што се метални садови или парфеми сунѓери кои се наоѓале во некои згради со верување дека ќе има убав мирис и ќе се спречат епидемии и болести.

Изложени се шишиња со силни мирисни состојки кои некогаш ги користеле дамите ког ане се чувствувале добро или праѓале во несвест поради затегнатите корсети.

Од 18 век, парфемите немаат функција за прекривање на непријатни мириси или „терање болести“ од погреби туку стануваат задоволство, а мирисните ноти посуптилни.

Управата на музејот влеи дека парфемите сега се полесно, повоздушни и целосно поинакви од некогашните парфеми кои биле исклучително тешки.

Loading...

Вкусовите за парфеми исто така варираат од географските подрачја. Французите сакаат тоалетни води, лесни парфеми, претежно цветни. Американците сакаат опојни парфеми, додека Јапонките сакаат исклучително благи ноти. Кинезите преферираат силни парфеми, како и Русите и жителите од Блискиот исток.

Фото: Пиксабеј

Leave a Reply