НЕКОГАШ И СЕГА: Чернобил 32 години по нуклеарната катастрофа (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пред Чернобилската катастофа, овој град броел 14.000 жители.

Една од најголемите нуклеарни катастрофи, се случила пред 32 години, во украинскиот град, во областа Киев, во близина на границата со Белорусија.

 

Loading...

 

Дваесет години по Втората светска војна, Чернобил е избран како место на кое ќе биде направена првата нуклеарна електрана на украинско тло.

 

 

Во својот цут чернобилската област била административен центар на целиот округ, а градот Припјат, кој бил изграден за вработените во електраната, бил еден од најразвиените во тој округ.

 

Loading...

 

Меѓутоа, експлозијата на четвртиот нуклеарен реактор, која се случила на 27 април 1986. година засекогаш го избришала овој град.

 

 

Експлозијата се случила кога извршителите изгубиле контрола над тестовите, при недостаток на мерки за претпазливост, за работата на електраната при низок напон на струја.

 

 

Денес, 32 години по катастрофата, во околината како и во самиот град, престојуваат само неколку луѓе и повремено туристи. Меѓутоа, на посетителите престојот во градот им е ограничен поради високот ниво на радијација.

 

Loading...

 

По експлозијата од градот евакуирани биле 116.000 луѓе.

Од друга страна, научниците и биолозите кои работат на оваа место, велат дека и покрај тоа што градот е опустошен, бројот на растенија и животни пораснал.

 

 

Реакторот кој експлодирал во 2005. година покриен е со т.н. „саркофаг“, кој спречува ширење на радиоактивниот отпад. При високо ниво на радијација и денес постојат домови кои се населени и на кои стои натписот „сопственикот живее тука“.

 

 

Loading...

Бројот на жртви моментално по ударот бил 31, а од последиците поврзани со здрачењето до 2011. година починале уште 15 лица.

Трагите од животот и денес можат да се видат доколку се прошетате низ градот. Остатоци од детски играчки, опустошена болница и кафулиња, стојат како спомен на градот кој некогаш цутел околу електраната.

 

 

Иницијалниот штетен круг на радијација е проценет на 30 километри, а сите во неговиот радиус биле евакуирани освен 300 луѓе кои одбиле да ги напуштат своите домови.

Денес, во Украина посои музеј посветен на чернобилската катастрофа, заедно со меморијален споменик на пожарникарите и сите кои загинале при евакуацијата на градот.

 

 

Loading...

Последиците на радијацијата се чувствуваат и денес, а во прилог на тоа зборува и фактот дека работниците на одржување на саркофагот кој го чува реакторот, на него работат најмногу пет часа дневно во текот на еден месец, по што 15 дена прават пауза.

 

 

Украинската влада проценила дека оваа област нема да биде подобна за населување и во наредните 20.000 години.

Leave a Reply