Нејзиниот сопруг заминал во продавница, а две недели подоцна следувал шок (видео)

Сподели со своите пријатели

Дека љубовта знае да боли на своја кожа почувствувала 54-годишната Британка, Денис Меклинтри чиј 14 години помлад сопружник „исчезнал“ откако заминал во продавница.

Loading...

Денис и 40-годишниот Џејмс се венчале во 2000 година и имале складен брак се до исчезнувањето на Џејмс. Но, иако самото исчезнување за Денис било прилично стресно искуство, она што се случило само две недели подоцна бил вистински шок.

Пријателката на Денис и рекла дека Џејмс има нова девојка, а тогаш таа се одлучила да го пронајде.

Викав во моментот додека зборувавме на телефон дека ме изневерил, но тој не ми рече ништо. И тогаш го сретнав на улица со таа жена. Се чувствував како некој да ме удрил во стомакот. Го прашав зошто го напарви тоа, а тој ми рече дека сум мрзелива и дека не бил среќен. Неверството беше незамисливо, додава таа – вели Денис која од пријателката дознала дека сопргот со новата жена живее на само неколку улици од нивниот семеен дом.

Таа раскажа дека со Џејмс биле нераздвојни и покрај разликата во години и дека се вериле само по три месеци од познавањето.

Го прашав дали му пречи тоа што бев постара, а тој ми рече ни најмалку. Дури не го одби фактот што имам здравствени проблеми, имам артритис, дијабетес и астма и знам дека во иднина ќе ми биде потребен некој кој ќе се грижи за мене. Ме уверуваше дека тој секогаш ќе биде тука – раскажа Денис која на крајот остана со скршено срце.

Вели дека Џејмс ја побарал за жене еден ден на автобуска станица додека чекале превоз и додека таа на големо ја планирала венчавката, нејзиниот тогаш иден сопруг започнал да се премислува.

Недела дека пред свадбата рече дека он не го може тоа, а на денот кога требаше да се венчаме Џејмс цел ден лежеше во кревет. Сепак, следниот ден дојде да бара да му простам, се помиривме и се венчавме во 2000 година, а три години претходно добивме син. Додека чекорев кон олтарот пред семејството и пријателите се чувствував како да сум на врвот на светот. Откако ги прочитавме заветите Џејмс ми шепна дека никогаш нема да ме изневери – раскажува Денис.

Се функционирало нормално до таа вечер кога Џејмс заминал во продавница. Требало да се врати за 10 минути, но него го немало.

Ми поминуваат секој ден пред куќата, што е прилично тешко, но ги избегнувам и не зилегува. Се надевам дека наскоро ќе се преселам и ќе започнам живот од почеток – вели Денис.