Неисчистен автопатот Куманово – Табановце (видео)

Сподели со своите пријатели

Ниту една лента од автопатот Куманово – Табановце вчера попладне не беше исчистена како што треба, а под снегот може да се забележи мраз, објави Телевизија 21.

Пред границата има километарска колона од превозници со камиони кои чекаат со часови да ја преминат границата. На границата можеше да се забележи голем број возила кои чекаат да го продолжат својот пат кон Србија и понатаму. Но и тука , кај лесните возила, никој не се потрудил да го исчисти снегот од патот.

Возилата се движеа со намалена брзина од 40 километри на час. Имаше и возила кои не сакаа да ризикуваат. Две возила со грчки регистарски таблици застанаа и почнаа да местат  синџирите во тркалата. Од јавното претпријатие “Македонија Пат“ велат дека сите патишта низ државата се проодни .Но поради празниците, не можевме да најдеме соговорник кој ќе зборува пред камера за причината зошто овој дел од автопатот не е исчистен. И зошто патниците се оставени со таков впечаток да излезат од Македонија.

Преземено од ТВ21