Неговиот хендикеп – причина заради која луѓето го малтретираат на улица (видео)

Сподели со своите пријатели

Глумецот Адам Пирсон на кого му бил дијагностициран неурофибратозом, бениген тумор кој ги напаѓа нервите на лицето, поради својот изглед неколку пати бил жртва на напади.

Loading...

-Еден човек се обиде да ми го „симне„ лицето мислејќи дека е маска, раскажува Адам кого од злоба го нарекуваат „човек слон„ или Квазимодо.

За овој Британец кој глумел во филмот „Под кожата„ со Скарлет Јохансон, ББС снимил документарн филм со наслов „Грдото лице на злосторството од омраза кон инвалидите„  кој ќе се емитува оваа недела.

Главна тема на овој документарен филм не е заболувањето на Адам, туку неговата своевидна борба со која сака во британските закони да воведе заострување на казните за злосторствата направени од омраза.

-Многу пати сум бил жртва на насилство поради својот изглед, моите напаѓачи беа благо казнети или воопшто не биле казнети. Кога во училиште го гледавме филмот „Ѕвонарот на црквата Нотр Дам„ учениците од моето одделние велеа: го гледаме Адам„. Учителката на тоа воопшто не реагираше, раскажува Адам и додава:

-Да бев нападнат поради мојата раса или религија, казните би биле многу поголеми, вака тие поминуваат потполно неказнети.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.