НЕДЕЛНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Подгответе ги чадорите!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со исклучок на источните делови каде што облачноста претпладне ќе биде помала, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има повремен дожд, позастапен во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југо-источен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 5 степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 13 степени.

 

Loading...

 

Во текот на ноќта во кумановско ќе се зголемува облачноста што веќе во вторник ќе донесе облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од четири степени во утринските часови до максимални 11 во текот на денот.

Врнежи од дожд ќе има и в среда. Ќе дува слаб ветер од западен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, додека максималната дневна ќе се искачи до 10 степени целзиусови.

 

 

Во четрток се очекува да престанат врнежите од дожд, но ќе се задржи облачното време. ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата ќе се движи од четири степени во утринските часови, до максимални 11 во текот на денот.

Loading...

Врнежите од дожд повторно се враќаат на сцена веќе во петок. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 11 степен целзиусов.

 

 

Викендот што претстои се очекува да престанат врнежите од дожд и да се врати сонцето.

В сабота ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови температурата ќе се движи околу четири степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 13 степени целзиусови.

Слично време, сончево со мала облачност ќе имаме и во недела. Утринската температура ќе се движи околу четири степени целзиусови, додека максималната дневна температура се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Почетокот на следната работна недела повторно носи врнежи од дожд, но и позначителен пад на температурата.

Никола Ивановски