Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и стабилно време со максимална дневна температура до 25 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Топло и стабилно време ќе имаме и во текот на утрешниот ден. Утринската температура ќе биде околу 11 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 26 степени.

Среда носи облачно време и услови за врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе изнесува 9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 24.

Облачноста ќе се намали во четврток, но и максималната температура. Времето ќе биде сончево до умерено облачно. Во утринските часови температурата ќе изнесува осум степени, додека максималната во текот на денот ќе се искачи до 21 степен.

Слично ќе биде времето и в петок кога максималната дневна температура ќе биде за еден степен повисока.

 

 

Loading...

Претстојниот викенд ќе започне со сончево до умерено облачно време в сабота. Утринската температура ќе биде околу 12 степени, додека максималната дневна според најавите ќе достигне до 25 степени целзиусови.

Недела носи зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 24 степени целзиусови.

 

 

Слично време како в недела ќе има и во поголемиот дел од следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply