Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне, во вечерните и ноќните часови облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја.

На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, а локално во текот на ноќта ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а дневната од 20 до 25 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од југ, односно југоисток. Максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во текот на ноќта ќе дојде до зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд и температура од 13 степени.

Утре во кумановско времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди во текот на претпладневните часови. Попладне повторно се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмотевици. Температурата ќе се движи од  минимални 7 до максимални 17 степени.

Среда носи стабилизација на времето. Ќе имаме претежно сончев ден, а температурата ќе се движи од утрински 9 до максимални дневни 18 степени.

Слично ќе биде времето и во четврток со минимални 13, а максимални 20 степени целзиусови.

Петок повторно носи кратка нестабилност. Претпладне ќе биде сончево, а попладне се очекуваат врнежи од дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 6 до максимални 18 степени.

За време на викендот ќе имаме сончево време, но со благ пад на утринските и дневните температури. Во сабота максимумот ќе изнесува 17, а веќе во недела 15 степени.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply