Неделна временска прогноза – сонце, дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите, денес во Македонија се очекува претежно сончево, но помалку ветровото време. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија засилен северен ветер, каде што повремено ќе достигнува брзина околу 70км/ч.

Минималните температури ќе бидат од 14 до 21, а максималните до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во вторник се очекува облачно време, со најавено невреме во среда попладне со благо опаѓање на температурите. Облачноста ќе потрае и во четврток претпладне, со северен ветер во попладневните часови.

Во петок и за време на викендот се очекува сончево и стабилно време со пораст на дневните температури.