Неделна временска прогноза: Од среда драстична промена

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Loading...

Максималната дневна температура денеска ќе изнесува 18 степени и тоа во Дојран.

Слично време се очекува и утре, кога живата повторно ќе оди до 18 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална температура до 14 степени.

Од среда следува драстична промена на времето. Ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег.

Температурите значително ќе се намалат, и ќе бидат во интервал од максимални 3 до 11 степени.

Во Куманово и околината оваа недела ќе имаме слично време. Во среда ќе дојде до прсврт со дожд и пад на температурите до само максимални 3 степени.

Четврток максимумот ќе биде еден степен под нулата, а слично време ќе се задржи до крајот на неделата.

Loading...

Leave a Reply