Неделна прогноза за Куманово: Температури и до 26 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време. максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.

 

Loading...

 

Времето во кумановско утре исто така ќе биде претежно сончево, а освен утре, топлото време со 21 степен целзиусови максимална температура ќе се задржи и в среда.

Четврток носи уште поголем раст на температурата. Максимални 23 степени, но со малку зголемена облачност.

Претежно сончево ќе биде и в петок кога ќе биде и најтопло оваа седмица. Утринската температура ќе изнесува 12, а максималната дневна 26 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Викендот што претстои ќе биде топло и сончево, со 26 степени в сабота, а еден степен помалку и во недела.

 

 

Мал пад ќе има од почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply