Не знаел што да земе како сувенир од патувањето, па зел ракетен фрлач

Сподели со своите пријатели

Обезбедувањето на аеродромот во Балтимор заплени ракетен фрлач кој го пронашле во куфер на еден патник, рекла портпаролката на американската Државна агенција за безбедност во сообраќајот (ТСА).

Loading...

Лицето од Тексас, сопственик на трофеен фрлач, во полицијата рекол дека станува збор за сувенир кој го донел од Кувајт, пишуваат американските медиуми.

– Можеби наместо фрлач можел да понесе привезок за клучеви, напишала портпаролката на ТС Лиса Фарбстин на Твитер.

Во соопштението на Агенцијата за безбедност во сообраќајот се наведува дека патникот, по потекло од Џексонвил, е профеисонален војник.

– За среќа тој предмет не е исправен, но сепак го запленивне и предадовме на пожарникарите, се наведува во соопштението на ТСА и се додава дека на сопственикот му е дозволено да продолжи со патувањето и да преседне на друг лет.

Според објавените фотографии, изгледа дека станува збор за ракетниот фрлач „Грифин“, прецизно оружје, кое предизвикува малку колатерална штета.

Не е прв пат во багаж на патник во САД да биде пронајдено оружје.

Во август 2018 година на меѓународниот аеродром Њуварк Либерти, Ангенцијата за безбедност во сообраќајот пронашна и кофискувала реплики од гранати пронајдени во куфер на патник кој ја минал безбедносната проверка.

Loading...

Leave a Reply