Не заборавиле само на заштитните маски, туку и на костимите за капење

Сподели со своите пријатели

Шест нудисти кои се сончале на бреговите на езерото Комо во Италија, биле казнети со по 3.333 евра за непристојно однесување во јавноста.

Loading...

Италијанската полиција патролирала на плажите на Абади Ларијан за да провери дали посетителите на брегот ги почитуваат мерките за социјална оддалеченост и другите прописи поради пандемијата на коронавирус.

За време на патролата, полицијата забележала шест мажи кои се сончаат голи.

Мажите на возраст меѓу 43 и 68 години добиле казни во износ од по 3.333 евра за секој.

Локалните власти во областа ги зголемуваат казните во обид да ги спречат луѓето да се собираат на плажите и да го шират вирусот.

Оваа област во регионот на Ломбардија во Италија, беше најсериозно погодена од Ковид 19.

Leave a Reply