Не сакала да оди со него на втор состанок, а потоа се шокирала…

Сподели со своите пријатели

Да излезете на состанок на слепо и да се вратите воодушевени е ретко сценарио, но се случува.

Loading...

Оваа Британка и не била баш со таква среќа. Таа како и поголемиот број на слободни млади во последно време се обидела својот партнер да го пронајде онлајн.

Се обидела и се разочарала. Не е единствена, но нејзината приказна брзо се рашири по социјалните мрежи и тоа поради потегот на мажот со кој изглегла на пијалок.

Девојката по првото излегување во трање од 45 минути сфатила дека „тоа не е тоа“ и одлучила со тој маж никогаш повторно да не излезе. Сепак, по се изгледа дека мажот не бил со истиот став па неколку пати се обидел да договори втор состанок.

  • Мило ми е што се запознавме, навистина си љубезен, но јас сум доста резервирана и разбирам дека не сме едно за друго, па така не сакам да го трошам твоето време – му напишала пристојно во пораката.

Но, сепак пристојноста не вродила резултати и мажот и понатаму бил упорен повторно да се сретнат па и понудл дека ќе и зготви вечера. Девојката повторно со дамските манири, пристојно ја одбила и оваа понуда, но потоа дошол вистинскиот шок.

Кога сфатил дека таа нема намера повторно да се види со него и да му даде втора шанса и дговорил со ваква порака:

  • Со оглед на тоа што не си фер и нема да ми дадеш втора шанса, убаво те замолувам да ми ги вратиш парите за пијалокот кој ти го платив. Износот е 4,5 фунти, а ова е бројот на мојата сметка….

Девојката потоа одговорила дека сега е сигурна дека тој не е мажот за неа. Да бил сериозен во барањето на парите говори фактот што по некој ден тој повторно и испратил порака и прашал за парите.

Преписката од овој необичен разговор по пропаднатиот состанот била објавена на социјалните мрежи, а приказната со неверојатна брзина се рашири на сите блогови и портали.

Loading...